Стопанската комора на Северна Македонија и опозициската ВМРО – ДПМНЕ на иста линија, направено е премалку и предоцна за бизнис заедницата и Владата веднаш мора да го стави во фокус помагањето а со тоа и опстојувањето на стопанстото и економијата во државата. Ова е епилогот по денешната средба на претседателот на Комората Бранко Азески и претседателот на оппозициската ВМРО – ДПМНЕ придружувани од нивните тимови.
Нов економски договор и свртување кон стопанството, односно поставување за приоритет се пораките кои ги испрати Азески бидејќи веќе е испуштено во овој период а кризата ќе трае и наредната година
За постоечките мерки Азески смета дека се задоцените бидејќи фокусот бил за домаќинствата и дека ги очекуваат владините мерки за помош кои треба да боидат соопштени идната недела.
Мицкоски пак проблемот го лоцираше во обидот за лично богатење на членови од владеачкото мнозинство и нагласи дека плановите на Владата за амортизирање на енергетската криза нема да се остварат бидејќи ќе чинат далеку повеќе од предвиденото а во Буџетот тие средства ги нема.
Околу договорот со Бугарија за набавка на струја Азески кажа дека количината која што ќе треба да се испорача делумно ќе ја поткрепи состојбата во стопанството но покрај цената има и технички прашања околу преносот на таа струја во Македонија кои допрва треба да се прецизираат.
Огнен Чанчаревиќ