Вести Македонија Топ вести

Граѓани запрепастени за Тик-Ток предизвикот на младите да лежат по улици додека им се приближува возило

Младите некритички ги следат социјалните мрежи. Доказ се честите прифаќања на предизвикот меѓу тинејџерите, што се пласира преку платформата Тик-Ток, за тие да легнат на улица и да чекаат додека не се приближи првото возило, а потоа да избегаат. Тоа е опасно и небезбедно и за нив и за останатите учесници во сообраќајот, коментираат надлежните. Според МВР, и покрај зајакнатите контроли на патиштата, родителите треба да внимаваат што превземаат децата од социјалните мрежи и да разговараат со нив. На ист став се и психијатрите.

Учесници во сообраќајот реагираат за рискантниот по живот, предизвик меѓу тинејџерите, да легнат на улици и булевари и да чекаат да им  се приближи возило, а потоа да бегаат, што се шири преку платформата Тик-Ток. За ваквите негативни појави на социјалните мрежи, реагираат родители, но и возачи. Жител на Скопје кој сакаше да остане анонимен, за Телма го раскажа неговото шокантно искуство.

  • Се возам пред некој ден во 22.30 часот на булевар „ Јане Сандански“ и кај Тобако 2, одеднаш од средишниот простор меѓу булеварот пред возилото ми скокна едно дете и ми легна пред автомобилот. И сега се ежам кога раскажувам… Среќа што возев бавно и нагло закочив, излегов надвор и почнав да му викам „што правиш“? Избега на другата страна, каде видов дека девојчиња на 15-годишна возраст го снимале со мобилен. Навистина беше страшно, раскажува жител на Скопје.

И да се случи нешто немам на кого да пријавам ваков настан, а ако навистина го згазев детето, немам никаков доказ дека тоа ми се фрли само пред колата, дополнува нашиот соговорник.

Од МВР нема одговор дали до сега до нив стигнале пријави од граѓани за вакви случки. Но, велат дека на социјалните мрежи се шират вакви и слични негативни појави, не само кај нас, туку и во други држави.

  • МВР: Ние како МВР постојано спроведуваме зајакнати контроли, но и превентивни активности. Апелираме и до родителите да внимаваат на нивните деца какви содржини споделуваат преку социјалните мрежи. Затоа што тие се должни да водат грижа за своите деца и да ги заштитат од вакви и слични содржини, кои можат да предизвикаат несакани последици.

И психијатрите со идентичен став, за потребата родителите да разговараат со децата за ваквите предизвици. Според Васка Митовска, постои силно влијание на социјалните мрежи врз свеста кај децата и младите. Затоа е потребна едукација и на родителите и на децата, како и скрининг во училиштата на менталното здравје на учениците.

Иако побаравме, за сега нема одговор од МОН за надминување на проблемот.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе