Вести Македонија Топ вести

Студенти од Македонија со бугарско потекло ќе студираат бесплатно во Бугарија

Ги интензивира ли Бугарија начините за привлекување студенти од Македонија? Како што објави бугарскиот портал „OFFNEWS“, в.д. министерот за образование на Бугарија, Сашо Пенов предложил измени во владината Уредба бр. 228 од 1997 година, со кои студенти од Македонија со бугарско потекло ќе може да студираат целосно бесплатно на тамошните универзитети. Школарина нема да плаќаат студентите кои за прв пат ќе се запишат на некој од бугарските универзитети , а и аплицирањето за студиите ќе биде бесплатно. Предложените измени се доставени во извештај до Министерскиот совет, а вклучуваат студирање на најмногу 5 студенти од Македонија на трошок на бугарскиот државен буџет.

Со предложените измени целта е проширување и зајакнување на образованието како една од најприоритетните насоки на бугарската политика во однос на РСМ и Бугарите кои живеат таму.Подобрување на регулаторната рамка во спроведување на приемот во јавните високообразовни институции на студенти од РСМ. Како резултат на промените , долгогодишната политика на бугарската држава за привлекување македонски граѓани преку обезбедување намалена процедура за прием во бугарските високообразовни институции ќе продолжи, пишува „OFFNEWS“.

Каква ќе биде организацијата за прием на македонски студенти и докторанти ќе се утврдува секоја година со налог на министерот за образование, по координација со постојана меѓуресорска комисија за спроведување на образовни активности меѓу Бугарите во соседството. Приемот на кандидатите ќе го организира Министерството за образование и култура во соработка со МНР и истата комисија. Тој ќе се врши преку документи или со еден или повеќе испити, во зависност  од факултетот на кој апликантот сака да се запише.  Испитите ќе ги спроведува МОН, а приемот на докторанти ќе се врши преку доставени документи.

За новото привлекување студенти од Македонија од официјална Софија одговор побаравме, но не добивме од нашeтo Министерства за надворешни работи. A, од нашето МОН велат дека во потпишаната програма меѓу двете влади, за соработка во полето на образованието и науката, не е дефинирано дека студенти од Македонија кои се чувствуваат како Бугари ќе студираат бесплатно на тамошните универзитети.

До сега, до 300 студенти годишно од Македонија, се опфатени со бугарската владина Уредба бр.228. Тие годишно плаќаа школарина како бугарските студенти примени во државна квота , а износот зависеше од тоа што студираат.За нив Бугарија за следната година ќе издвои од буџетот 345 илјади лева, а за 2024 и 2025 година по 390 илјади лева.

Во Бугарија има странски студенти и согласно Уредбата бр.103 од 1993 година, која се однесува на кандидати од бугарската дијаспора, ширум светот.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе