Вести Македонија Топ вести

Ќе се врши ексхумација и обдукција на беровчанецот кој почина од сепса по интервенција на загноен заб

Ќе се врши ексхумација и обдукција на 25-годишниот беровчанец кој почина од сепса по интервенција на воспален и загноен заб.

Обвинителството отворило предмет по информациите во медиумите и ќе испитува дали има лекарска грешка во третирањето на младиот Јован Димовски

„Надлежниот јавен обвинител издаде повеќе наредби до МВР-СВР Штип и до ОВР Берово со цел да се прибави целокупната медицинска документација околу текот на лекувањето на починатото лице од сите приватни и јавни здравствени установи и ординации каде пациентот побарал лекарска помош. Исто така, полицијата е задолжена да изврши разговори со лекарите и со останатиот медицински персонал кој постапувал, како и со членови на семејството на пoчинатиот пациент“ – соопшти јавното обвинителство.

Инспектори од државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска цел ден вршат надзор во Болницата во Штип каде му била вршена хируршка интервенција и дренажа на Димовски.

Ќе ја проверуваат целосната документација како бил третиран младиот Беровчанец, кој три пати доѓал во болницата.

Првиот пат на 14-ти август кога дошол со гној на вратот предизвикан од заб. Тогаш според извештајот на лекарот забот му бил изваден и му била извршена дренажа и бил задржан три дена.

Потоа бил на контрола и третиот пат на 23-ти август кога бил донесен со брза помош во тешка сосотјба и бил и опериран.

Од понеделник инспекторите ќе ги посетат и сите други здравствени установи каде бил лекуван Димовски, од матичниот доктор и стоматолог до Карил во Скопје каде починал за помалку од 24 часа.

„Инспекцискиот надзор во клиничката болница е сè уште во тек. Доплнително, ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде пациентот побарал  лекарска помош и тоа: матичен лекар, матичен стоматолог, итна медицинска помош Берово и Клиниката за анестезија, ренимација и интензивно лекување во Скопје, при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзна со лекувањето на пациентот. По завршување на  инспекцискиот надзор, ќе се изготви комплетна информација за  констатирана фактичка состојба, за која дополнително ќе бидете информирани“ – соопшти државниот санитарно-здравствен инспекторат.

Од ДСЗУ најавија дека ќе  иницира и  формирање на комисија за стручен надор до министерот за здравство .

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе