Вести Македонија Топ вести

Габриел Бајрам успешно и се криел на полицијата, ги крие и клучевите од потенцијалната крипто фарма во ГТЦ

Со полициска придружба, по неколку неодговарања на покани и непојавување на службен разговор Габриел Бајрам донесен во станица на распит за кражбата на струја во ГТЦ и копањето на биткоини пишува порталот МКД.мк . МВР го најде Габриел Бајрам , но ГТЦ  два месеца се уште чека тој да ги врати клучевите по раскинувањето на договорот на барање на ГТЦ.  Кои се причините за раскинување на договорот?

Затоа што не плаќал, таму има според договорот три месеци ако не платиш се раскинува договорот. Треба да ги предаде клучевите и да го превземе во владеење ГТЦ, тогаш законски ќе има право ГТЦ да влезе во магацинот и да провери што се случувало. Си има процедура за таа работа не е само да го раскинеш договорот. До каде е процедурата во овој момент ? Таа си тече со правна служба . Може ќе има и судски спор за одземање на владение. Тоа значи дека судот ќе му го одземе владението доколку не ги врати клучевите во ГТЦ, изјави за Телма, Ѓоко Трајчевски, директор на ГТЦ.

Во меѓувреме Здружението на сопственици на дуќани на ГТЦ и официјално испратиле барање до ГТЦ колку време бил Габриел Бајрам  корисник на магацинските простори кој и кога им издал одобрение за уривање и преправање на магацинскиот простор. Трајчевски со одговор се додека ги нема клучевите, не може да каже што се случувало таму.

Каде видоа дека е преправано ? Како прво ГТЦ не може да влезе во магацинскиот простор бидејќи го владее друг сопственик од тој што склучил договор. Во оној момент кога ќе му зе одземе владението тогаш ГТЦ ќе влезе и јавно може да ве повика медиумите и да видите лично што се случувало внатре, вели Трајчевски. 

Министерството за внатрешни работи и обвинителството водат истрага.

стварени се контакти и извршени се службени раговори и со надлежните во ЕВН и Градскиот трговски центар Скопје, а се вршат службени разговори и со други лица. По комплетирање  на целокупниот материјал ќе биде доставено известување до Основното јавно обвинителство Скопје за преземените мерки.

-Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по примено известување од МВР, издаде наредба за да се направат неопходните проверки со цел да се утврди фактичката состојба. По наредбата се постапува.

Лани во ноември полицијата изврши претрес во магацините на ГТЦ каде што кираџија беше Габриел Бајрам. Дуќанџиите се сомневаа дека краде струја, за да копа криптовалути. Бајрам тогаш пресели дел од апаратите, додека истражните органи се прогласија ненадлежни за копањето, а сопствениците на дуќаните почнаа да добиваат помали сметки за струја.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе