Вести Култура

Омаж за Омер Калеши во Чифте амам

Во својот богат творечки опус  Калеши до крајот на животот останува доследен на своите корени. Фокусирајќи се на ликот на обичниот човек,  нагласувајќи ја главата, како симбол на неговиот дух. Човек кој што ги бранеше достоинствата на убавината на балканската цивилизација и сите културолошки соединувања наспроти наметнатите разединувања, вели Дита Старова Ќерими.

Во овој период Калеши секогаш беше присутен во Македонија и почувствуваме дека токму овој период треба да биде моментот кога ќе му оддадеме почит за сето културно наследство кое ни го остави и имаме среќа такви личности да бидат дел од нашата земја и да го остават нивното културно наследство токму во Македонија, рече директорката Старова – Ќерими.

Да не беше Луан Старова веројатно немаше да го сретнам ни Омер Калеши и нема случајни средби, забележа Ферид Мухиќ. Низ своето творештво ги обедини трите балкански земји, кои се всушност и негови татковини: Македонија, Албанија и Турција.  Во 1965 година Калеши се сели во Париз каде живеше и твореше до својата смрт.

Ова Скопје, Истанбул, Париз и Истанбул, Скопје, Париз, одејќи од Исток кон Запад за мене е патот на свилата, но патот на свилата на разбирањето, на взаемното почитување, на религиите, на културите, на јазиците, на луѓето, патот на свилата каков што постои само во овој дел од светот, рече Мухиќ.

Во еден свој осврт за творештвото на Калеши академик Луан Старова ќе забележи: Трагајќи по тајните на петвековното отоманско време голем број балкански уметници во книжевноста, сликарството, скулптурата и музиката се обидоа да ја осознаат несоборливата сплотеност на уметничкото творештво, но ретки се тие како Омер Калеши кој преку ликовите во неговите платна успеа да ги предвиди драмите низ кои помина Балканскиот човек.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе