Вести Култура

Започна конзервацијата на Била Зора

На локалитетот Била Зора по четири години се работи. Почна конзервацијата, а обезбедени се пари само за Владетелската палата. Штипскиот Музеј го заврши проектот лани, а Министерството за култура годинава издвои средства. Оваа конзервација доцни со години, бидејќи скалилата што се единствени на Балканскиот простор се веќе изронети, а падна и една од фреските.

Со откривање, реставрација и конзервација на Владетелската палата локалитетот „Била зора“ во Свети Николе треба да стане вистинска атракција. Активностите кои се реализираат таму треба да придонесат за дополнување на туристичката понуда на Источниот регион.

Филозофскиот факултет во Скопје заедно со локалната власт на Свети Николе најавија дека ќе се прекине и мораториумот за истражувања. Ќе бараат пари за експропријација на земјиштетото околу локалитетот, бидејќи целата престолнина се протега на 32 хектари.

Била Зора е еден од најзначајните локалитети на Балканот и  во Европа,  бил престолнина на Пајонците.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачки пред велешани: Реконструкција на пругата кон Кочани, електрификација на железничката линија за Битола

Дејан Дејан

Му платила за дрва, дрва не добила – кумановка измамена за 6.000 денари

Дејан Дејан

Израел планира копнена офанзива во Рафа – предупредување на палестинскиот претседател Абас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе