Вести Македонија Најважни

Полицијата бара притвор за Ламбе Алабаковски, против него ќе биде  поднесена кривична пријава

Познатиот македонски поп пејач Ламбе Алабаковски го подметна пожарот пред културниот центар „Ванчо Михајлов“ во саботата утрото, потврдуваат за Телма извори од битолската полиција. 34 годишниот Алабаковски го призна  делото, а по претресот во неговиот дом, полицијата  пронајде и  одзеде облеката и предмети со кои го предизвика пожарот.  Тој е приведен,  против него ќе биде  поднесена кривична пријава, а полицијата бара притвор.

  • Извршен е претрес во домот на осомничениот, како и во неколку други објекти. Најдена е облеката и други предмети кои се поврзуваат со кривичното дело, што значи  имаме несоборливи докази. Лицето е приведено во полициска станица и очекуваме да биде изнесен пред судија на претходна постапка. МВР бара определување на мерка притвор, но би сакал да почекаме”, рече министерот за внатрешни работи Оливер  Спасовски.

Министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска во изјава за бугарските медиуми завчера  го даде описот на лицето  кое го виде на   снимките од безбедносните камери во културниот центар  Ванчо Михајлов како го подметнува пожарот.

  • Се гледа еден  човек кој мирно пристигнува со велосипед,  го паркира, вади туба со запалива течност и мирно ја истура  пред вратата на Културниот дом и мирно ја пали течност. Ми направи  впечаток   тоа што оваа смиреност беше малку нарушена, бидејќи огнот  што пламна беше огромен, човекот  се исплаши, изјави Теодра Генчовска, министер за надворешни работи на Бугарија  изјава Генчовска во неделата за БТВ ( на о4.06.2022)

 Пожарот се случи во саботата утрото, а беше опожарена влезната врата од културниот цетар Ванчо Михајлов во Битола. Инцидентот предизвика остри реакциии од страна на бугарскиот и македонскиот државен врв.

Емилија Мисирлиевска

„Која е разликата меѓу Македонија и Бугарија“, реагираше ОМО Илинден Пирин. Организацијата на Македонците во Бугарија прави споредба меѓу пожарот во Бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ и нападот на нивниот клуб во градот Гоце Делчев во 2007-та и 2008-та.

  • По опожарувањето на вратата од клубот во Битола, веднаш беше покрената истрага, а само по неколку дена, сторителот беше откриен и приведен. Но во Бугарија, клубот на ОМО Илинден-Пирин два пати бил нападнат, стаклата биле искршени и биле исцртани кукасти крстови. Сепак, полицијата одбила да покрене истрага бидејќи штетата била мала, медиумите не го објавиле настанот, властите не го осудиле овој чин и секако, никој не бил казнет, реагираше Стојко Стојков од ОМО Илинден-Пирин.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе