Вести Македонија Топ вести

Се одложи судењето на докторот кој на родилка и извади бубрег, матка и јајник

Судијата Ади Усеини од Основниот суд во Струга, на почетокот од судскиот процес констатираше дека нема услови да се одржи главниот претрес во кој на тројца лекари од струшката болница им се суди за лекарска грешка за случајот со родилката од Дебар.

На обвинителна клупа требаше да седната поранешниот директор на болницата и лекар гинеколог Мухамед Асани, и уште двајца негови колеги, но тие не се појавија во судница поради презафатеност на еден од нивните адвокти. Обвинителството на почоетокот на мај поднесе обвинение за тешки дела против здравјето на луѓето, затоа што пред две години при породување со царски рез, Јилдиз Веаповска остана без матка, јајник и бубрег. За ова кривично дела се предвидува максимална затворска казна од 5 години

Претпоставувам дека стратегијата на oваа одбарана е да се одложува судењето, не е ништо ново, и непознато. Но, колку и да се одложува овој предмет не може да се избега од фактот дека мојата клиентка остана без три органи токму во струшката болница. Тука е се кажано. Може да одлагаат колку сакаат, но кога тогаш судењето ќе почне, а кога ќе почне ќе се изведат сите докази предложени од јавното обвинителство а судот ќе си ја донесе својата одлука, изјави Сашо Јанев, адвокат на Јилдиз Веповска.

Во судницата дојде оштетената Јилдиз Веаповска која рече дека сѐ уште ги чувствува тешките последици од порадувањето по кое остана без три органи, и се надева дека правдата ќе биде на нејзина страна.

Докторот се брани дека совеста му е чиста, дека ми го спасил животот, но каков живот ми спасил кога јас сум половина човек, јас сум без органи. Каква чесност има тој доктор, како ќе ме погледне в лице. Сѐ уште се опоравувам, со болки сум постојано, психички не сум добра, од ден на ден некако да се преживее, така да речам, изјави Јилдиз Веаповска.

Лекарската комора лани во март изврши стручен надзор во болницата во Струга по што констатираше дека нема лекарски грешки при третманот на Веаповска. Неправилности не најде ниту Комисијата што ја формираше Министерството за здравство во мај минатата година. Сепак со вештачењето на Институтот за судска медицина откриени се низа пропусти на тројцата лекари гинеколози од Болницата во Струга, со што ја влошиле здравствената сосотјба на родилката од Дебар. Судијата Усеини не соопшти кога ќе го закаже следното рочиште, рече дека дополнително писмено ќе ги извести странките.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД ја осуди Северна Кореја за нападите во Јапонското Море

Дејан Дејан

Единаесет лица работеле без важечки договор, дел од нив и без соодветно образование – вонреден инспекциски надзор на ДЗСИ на Токсикологија

Дејан Дејан

Здравата храна е клуч во борбата против ракот на дојка и срцевите болести покажуваат истражувањата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе