Вести Свет

Лавров за одложувањето на посетата на Србија: Одлука без преседан

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е без преседан одлуката за забрана за прелет на неговиот авион поради што ја откажа посетата на Србија.

На вонредната прес-конференција, која беше свикана наместо да патува во Белград, Лавров рече дека тоа е политика на двојни стандарди.

Тие ќе кажат дека тоа им го кажале ЕУ и НАТО, а НАТО и ЕУ ќе кажат дека земјите сами одлучуваат. Нека ви биде јасно, нашите односи со Србија никој, повторувам, никој нема да ги уништи. Се случи нешто незамисливо. На суверена држава и е одземено правото да води надворешна политика. Меѓународните активности на Србија во руска насока се блокирани, рече Лавров на прес-конференција.

Според него, разговорите во Србија требало да бидат од поширок спектар, а требало да се зборува и за Косово и БиХ.

НАТО и ЕУ сакаат да го претворат Балканот во свој Балкан, наречен Затворен Балкан и сега ни е тешко да изведеме поинаков заклучок, рече тој.

Според него, политиката денеска е насочена кон антируски правец, а потсети и на „воено-поттикнувачката“ изјава на Жозеп Борел.

Јасно ви е колку ги чини Црна Гора и Северна Македонија членството во НАТО и зошто на НАТО му се потребни такви земји – да одржуваат антируска политика и закана, да бидат нивни бази за таква политика, додаде Лавров.

Тој потоа рече дека во Белград требало да се одржат повеќе церемонии и состаноци, а една од нив и да се запише во книгата на жалост за ослободителите на Белград и дека планирал пораката што ќе ја предаде да ја посвети на сите граѓани на Србија.

Лавров нагласи дека причините за одложување на посетата на Белград ги анализирале медиумите во Србија и регионот, односно Хрватска, а едната е дека „Лавров е персона нон грата и оти Лавров требало да го престигне Шолц, кој исто така доаѓа во Белград. Тоа го оставам на совеста на тие аналитичари бидејќи е понижувачко“.

Америка сега може да каже, и тоа така функционира, дека Белград е закана за нивната безбедност, па да го бомбардира, како што рекоа дека Ирак е закана за нив па го бомбардираа, како што рекоа и за Либија, која, како и Ирак, е илјадници километри далеку. Тоа им е закана за безбедноста, а нашето објаснување е јасно, одамна го повторивме, тоа сè се случуваше на нашата граница, ова со Украина, а не некаде таму далеку, но сите тие наши предупредувања, особено до НАТО кој се доближи до границата со Русија, беа игнорирани, изјави рускиот министер за надворешни работи.

Вистина е и дека Западот сега и аплаудира на Украина, и заборава на се за што предупреди Русија и ѝ испраќа оружје. „Веќе немавме избор и сето тоа веќе го објаснив, сега само ве потсетувам“, додаде тој.

Но знаете, политиката на ЕУ на Балканот и линијата на ЕУ во Украина се во суштина исти, само на Балканот се поддржуваат оние што ги ограничуваат интересите на Србија, а во Украина се поддржуваат оние што објавија војна на сè што е руско“, нагласи Лавров.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За едно деноноќие 197 граѓани во Гостивар побарале лекарска помош

Sonja Petrusevska

Пропуштање на патнички возила на секои 10 минути, целосен прекин на товарниот сообраќај – грчките цариници најавија штрајк во понеделник

Sasko Dimovski

Зулфикар Зејнула избран за нов министер без ресор – заокружена реконструкцијата на владата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе