Вести Свет

Конзервативците денеска ќе гласаат за доверба на британскиот премиер Борис Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе се соочи со гласање за доверба што го побараа членовите на владејачката Конзервативна партија, изјави претседателот на партискиот Одбор 1922, Сер Грејем Брејди.

Тој најави дека е надминат потребниот праг, 15 отсто од пратениците на парламентарната партија да побараат да се гласа за доверба на премиерот, постапка што ќе биде спроведена во текот на денот.

„Согласно правилата, денеска од 18 до 20 часот ќе се гласа за доверба. Веднаш потоа ќе се пребројат гласовите. Соопштението ќе биде објавено дополнително“, изјави Брејди.

Доколку Џонсон ја изгуби довербата, ќе биде сменет од премиерската функција.

Гласањето за доверба на премиерот Џонсон ќе биде можност да се стави крај на повеќемесечните шпекулации за неговото владеење, изјави портпаролот на Џонсон.

„Вечерва е можност да се стави крај на повеќемесечните шпекулации и да и се дозволи на владата да повлече линија и да продолжи понатаму“, се посочува во изјавата на портпаролот.

Тој додаде дека премиерот Џонсон ја поздравил можноста што ќе му овозможи да ги изнесе аргументите пред пратениците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За едно деноноќие 197 граѓани во Гостивар побарале лекарска помош

Sonja Petrusevska

Пропуштање на патнички возила на секои 10 минути, целосен прекин на товарниот сообраќај – грчките цариници најавија штрајк во понеделник

Sasko Dimovski

Зулфикар Зејнула избран за нов министер без ресор – заокружена реконструкцијата на владата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе