Вести Култура

Италијански врвни тенори ќе го отворат 62. Охридско лето

Со настап на Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини, четирите светски познати италијански тенори  во придружба на Оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Лоренцо Бицари,  свечено ќе се отвори 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Од 12 јули до 20 август, на отворените сцени Антички театар, Долни Сарај, Предворје на црквата Света Софија, како и  самата Црква Света Софија и Центарот за култура, ќе пречекаме над 1000 уметници од 25 земји . Посебно сме горди што од оваа година за првпат химната на „Охридско лето“ создадена во далечната 1976 година од еден од најпознатите македонски композитори Томислав Зографски, ќе се интонира во изведба на солисти-дувачи од Оркестарот на Националната опера и балет кои ја отсвирија и снимија по оргиналниот нотен запис специјално за потребите на „Охридско лето“, изјави директорката на НУ „Охридско лето“ Наташа поповиќ.

Во рамките на 62-ро издание љубителите на уметноста ќе имаат можност да проследат 36 концерти, 9 театарски претстави и 6 настани во дополнителната програма.

Настапот на камерниот оркестар „Профундис“, кој е еден од поновите македонски состави за камерно музицирање и кој бележи неколку успешни концерти со виртуозни програми. Настапот на Стефан Миленковиќ, уште од дете одлично познат на македонската публика. Врвен светски виолинист кој нема потреба посебно да го претставувам. Неговите настапи на фестивалот се речиси традиција и секогаш предизвикуваат еуфорија кај публиката, изјави Бисера Чадловска, селекторка на музичката програма.

Драмската програма ќе ја предводат Њујоршката Ла Мама со копродуциската „Балкан Бордело“, белградските „Војна и мир“ и „Вујко Вања“, украинската „Кротењето на опаката“ , како и шест исклучителни домашни претстави, најави селекторката на драмската програма, Сања Арсовска.

Затоа, годинешната програма е селектирана по принципот на глобална важност, на проблемите кои ги живееме, кои нѐ допираат и  нѐ образуваат. За првпат, доминанти во програмата се жени режисерки. Шест режисерки и четворица режисери со своите претстави ќе дадат печат на ова фестивалско издание, изјави арсовска.

62. издание на „Охридско лето“ ќе се затвори со концертот  посветен на делото на легендарниот македонски композитор Александар Џамбазов, кој почина годинава.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вреди и ВМРО-ДПМНЕ согласни за заедничка влада по изборите

Дејан Дејан

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе