Вести Свет

Ердоган: Гледам паника во Европа од судирот во Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Европа е во паника поради конфликтот во Украина, пренесе Тасс.

Во време кога нашата земја веќе 11 години успешно се справува со илегалната миграција од Сирија, сведоци сме на паника во Европа поради руско-украинската криза. Се молиме за брз излез од овој критичен период, изјави Ердоган на конгресот на неговата АКП.

„Сè додека Ердоган е на чело на Република Турција, ние дефинитивно не можеме да им кажеме „да“ на земјите кои влегуваат во НАТО и го поддржуваат тероризмот“, им беше кажано на новинарите присутни на конгресот на владејачката партија.

Турција ги оспори официјалните барања на Шведска и Финска да се приклучат кон НАТО, тврдејќи дека двете земји кријат луѓе поврзани со милитантните групи како што е Курдската работничка партија (ПКК) и други што ги смета за терористички, но и заради тоа што го прекинаа извозот на оружје за Анкара во 2019 година.

Тие не се ниту чесни, ниту искрени. Не можеме да ја повториме грешката од минатото кога станува збор за земји кои прифаќаат и хранат такви терористи во НАТО, а знаеме дека ова е безбедносна организација, рече турскиот претседател.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За едно деноноќие 197 граѓани во Гостивар побарале лекарска помош

Sonja Petrusevska

Пропуштање на патнички возила на секои 10 минути, целосен прекин на товарниот сообраќај – грчките цариници најавија штрајк во понеделник

Sasko Dimovski

Зулфикар Зејнула избран за нов министер без ресор – заокружена реконструкцијата на владата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе