Вести Култура

10-то јубилејно издание на Фестивалот за квир култура, уметност и теорија

Промислувањето на феминизмот, родовиот идентитет, дијалогот на квир културата и политиката низ историјата до денес се главните аспекти на десетото јубилејно издание на Фестивалот за квир култура, уметност и теорија.

„Сакавме да опфатиме тема која ќе ги обедини и претходните изданија тоа е темата на Екстатични тела која е клучна за феминистичката историја, која што го критикува и патријархатот и капитализмот и целата западна филозофија и историја која што го деваулуира телесниот и афективниот живот, го става во преден план и во тој телесен живот сака да каже дека ние сме поврзани, има дарежловост која не дефинира и низ која дишеме,  живееме и постоиме“ – вели Славчо Димитров од коалицијата „Маргини“.

Фестивалот, во рамки на Викенд на гордоста има за цел да ги разоткрие мноштвото стереотипи со кои не успеавме да се соочиме и по десет години на овие простори, вели Димитров.

„Стереотипот е дека во поширокиот културен контекст во Македонија квир и феминистичката уметност не е уметност. Стереотипот дека уметноста е универзална, апстрактна и неутрална, а тоа знаеме дека не е точно веќе 50 години, но во нашиот контекст се уште постои тоа убедување. Стереотипот кон сексуалните и родови малцинства дека се ненормални, патолошки, помалку вредни граѓани. Мислам дека со ова доволно ги рушиме ваквите стереотипи. Програмата која ја претставуваме, уметниците кои се од светски ранг, прашањата кои се исклучително политички и релевантни, а кои овие уметници ги отвораат, покрај врвниот естетки квалитет на нивната продукција“ – додава Димитров.

Во рамките на годинашното издание на фестивалот во МСУ е перформансот на  Џули Толентино, култна американска уметница со филипинско и салвадорско потекло, која во своите перформанси/инсталации ги истражува меѓупросторите на расата, родот, релациите и архивот.

На Фестивалот за квир култура, уметност и теорија кој ќе трае во текот на јуни и септември се опфатени перформанси, предавања и изложби, на повеќе истакнати домашни и странски уметници.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе