Вести Свет

Победата ќе биде наша, изјави Зеленски на 100-от ден од војната во Украина

Руската инвазија на Украина или, според терминологијата на официјална Москва, специјалната воена операција за денацификација на соседната земја, влезе денеска во својот 100-ти ден.

На 24-ти февруари, руските авиони, хеликоптери и проектили започнаа со напади на цели во источна, јужна и северна Украина, додека тенковски колони и над 150 000 војници влегоа  на територијата на соседната држава.

Иако првично стигнаа до повеќе предградија на Киев, русите потоа се повлекоа и откажаа од обидот за освојување на престолнинаат и ги пренасочија своите сили на освојување на целата територија на регионот Донбас во источна Украина, во чиј дел веќе постоеја про-руски сепаратистички републики, во Доњецк и Луганск.

Украина во текот на судирите отворено е поддржана од НАТО и западните земји, кои покрај политичката и парична помош, одлучија и со воени средства да ја помогнат земјата.

Генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, ги предупреди сојузниците да се подготват за конфликт на долг рок, додавајќи дека војната се повеќе станува на „војна на исцрпување“.

  • Одговорноста на НАТО е да и помогне и да ја поддржи Украина во зачувувањето на правото на само-одбрана. Истовремено, НАТО исто така има одговорност да ја спречи ескалацијата, да не дојде до целосна војна меѓу Русија и НАТО. Тоа би предизвикало уште повеќе смрт, уште повеќе уништување и штета. Тоа е причината заради која јасно ставивме до знаење дека НАТО не е странка во конфликтот. Обезбедуваме поддршка за Украина, но не сме дел од конфликтот. Ја поддржуваме Украина за да се одбрани себеси, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО

По повеќе од 3 месеци жестоки судири, Руските окупатори контролираат 20% од територијата на нашата држава и соопшти на нацијата пред два дена Украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Сепак денеска, од Киев, заедно со највисокото државно раководство тој пркосно порача – победата ќе биде наша.

Нашиот тим е многу поголем. Украинските вооружени сили се тука. Најважно, нашиот народ, Украинскиот народ е тука. Ја браневме Украина веќе 100 дена. Победата ќе биде наша. Слава на Украина. Слава на хероите!

Најжестоките судири во државата сега се водат за освојување на Северодоњецк, најисточниот град во Донбас кој се уште беше под контрола на Украинците. Таму се водат сега улични борби и веројатно прашање на денот е кога ќе биде освоен целосно од руските окупатори.

Откако по падот на Мариупол, Русија воспостави контрола и на јужна Украина, воспоставувајќи коридор по земја од Крим со своите сили во Донбас, иако со висока цена во загуба на луѓе и воена техника, официјална Москва е се поблиску до остварување на своите цели.

 

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За едно деноноќие 197 граѓани во Гостивар побарале лекарска помош

Sonja Petrusevska

Пропуштање на патнички возила на секои 10 минути, целосен прекин на товарниот сообраќај – грчките цариници најавија штрајк во понеделник

Sasko Dimovski

Зулфикар Зејнула избран за нов министер без ресор – заокружена реконструкцијата на владата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе