Култура

Офф фест започнува со концерти на домашни музичари

Годинашново, 21. издание на „Офф-фест“, започнува вечерва во Националната опера и балет со концерти на два домашни состави, групата „ Перија“ и дуото „ Добрила и Дориан“.

Групата „Перија“ која изведува т.н. world музика започна како улична група, а за неколку години стигна  до настапи на интернационални фестивали во земјава. За тоа време групата изведуваше стари македонски народни песни и почна да создава своја авторска музика, користејќи западни и источни техники на свирење. А, дуото „ Добрила и Дориан“, е проект кој ги спојува пејачката на „Чалгија саунд систем“, Добрила Грашеска и основачот на „Стринг форсис“, Дориан Јовановиќ. Тие минатата година го објавија првиот заеднички албум „Апокриф“, кој вечерва ќе биде премиерно изведен пред публиката.

До 4 јуни кога завршува „Офф-фест“, ќе настапат и музичари од Италија, Мали, Бразил, Колумбија, Гана и од Зеленортските острови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започнува 60. Јубилеен МТФ „ Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Почина Хазарос Сурмејан, балетски уметник и кореограф

Дејан Дејан

„Трансформирана меморија“ самостојна изложба на Данчо Ордев, вечерва во галеријата Остен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе