Вести Македонија Најважни

Мицкоски: Лошото менаџирање и кирминални тендери се причина за поскапување на струјата кое ќе биде над 10 отсто

Вината за поскапувањето на струјата не е кај општините туку во лошото менаџирање на енергетската криза и криминални тендери во ЕСМ обвини лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Тој смета дека поскапувањето на стгрујата ќе биде повисоко од 10 отсто а како причина го наведува намаленото производство на струја. Според официјалните податоци на регулаторната Комисија кои тој ги презентираше, за само две години производството е намалено за еден терават електрична енергија кој на светски берзи чини околу 250 милиони евра.

Тој директно го обвини раководството на ЕСМ и Владата за тендери во четири очи и намерното одбивање за преструктурирање на државната компанија што резултирало со загуби и хаварии како последната вчера во која се поплавени јамите и машините во рудникот Суводол.

ЕСМ веднаш реагираше на тврдењата на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски кого го обвинија за незнаење на проблематиката.

  • ЕСМ: „АД ЕСМ произведува електрична енергија за граѓаните, односно за домаќинствата, а не за општините или некакви малверзации од општини. АД ЕСМ е заштитник на цената на електричната енергија и гарант за спречување ценовен шок за граѓаните. АД ЕСМ испорачува енергија кон ЕВН Хоум по регулирана цена се со цел високите пазарни цени на берзите да не ги погодат граѓанитеОд ЕВН не излегоа со листата на општини кои од нив набавувале струја ниту пак за колкава количина и сума станува збор но соопштија дека долговите се подмируваат.
  • ЕВН: „ЕВН е во постојан контакт со Регулаторна комисија за енергетика и транспарентно ја информира за сите побарани податоци кои би можеле да послужат за ситуацијата. Долгот се подмирува од страна на корисникот кој ја користел електичната енергија, без разлика дали се работи за физичко лице или правен субјект“

ЗЕЛС  без став откако регулаторот Бислимовски го впери прстот во нив како можеби главна причина за поскашувањето на струјата. Оттаму соопштија дека во текот на наредната ќе биде свикана седница на УО по која ќе се соопшти ставот на ЗЕЛС околу тврдењата на регулаторот. Оттаму додадоа дека со месеци наназад апелираат до Владата за финансиска помош и евентуален модул за решавање на проблемот со сметките за струја кои не се во можност да ги платат.

Првиот човек на Регулаторна вчера соопшти дека цената на струјата која ја плаќаат граѓаните ќе поскапи најмалку за 10 отсто поради малверазции кои ги прават општините кои за да ги скусат своите трошоци за струја, формирале јавни претпријатија преку кои електричната енергија за уличното  осветлување ја добиваат од ЕВН, по цена за  домаќинствата и за  четири месеци направиле трошок од над 30 милиони евра.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Косово ја прогласи српската министерка Снежана Пауновиќ за персона нон грата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе