Вести Македонија Најважни

Собранието нема имотен лист, големи трошоци за патарина на пратениците и нивни чести отсуства – констатирале ревизорите

Кој сака може да ја разгледа зградата на македонското Собрание секој ден од 9 до 10 часот наутро, и секој петок од 9 до 15 часот. Туристичката тура ќе биде придружена со водич, а посетите се бесплатни. Ваков повик објавија денеска од законодавниот дом, но не кажаа дека луѓето всушност ќе разгледуваат дивоградба. Но, за ова напиша државниот ревизор во извештајот кој го објави и во кој се вели дека Собранието нема имотен лист, на што е предупредено одамна.

Собранието не располага со имотен лист со утврдено право на сопственост/користење на земјиштето и објектот во кој истото е сместено и ги извршува своите функции, констатира Државниот завод за ревизија.

Но освен за ова ревизорите имаат замерка и за нередовноста на пратениците на седниците. Во 2020-та имало два различни состави, и во двата голем е бројот на пратеници кои имале голем број изостаноци. Се бара да се дефинира што е оправдано отсуство.

Констатиравме дека во Деловникот не се дефинирани случаите во кои отсуството се смета за оправдано односно неоправдано. Утврдивме дека во пракса како оправдано отсуство се смета најавено отсуство кај претседателот на Собранието, односно кај претседателот на работното тело, констатира Државниот завод за ревизија.

Ревизорите повторно го проблематизираат и надоместокот за пратениците за патни трошоци. Во 2020-та за нивните приватни автомобили и амортизацијата се дадени 210.000 евра, а за патарини околу 20.000 евра. Ова е најниско ниво на исплата на овие трошоци во споредба со претходните години, но според ревизорите тоа е поради ковид пандемијата, неработењето, но и измените на закнот со кои се намали процентот на исплата. Сепак велат мора да се преиспита законот за пратениците.

Од друга страна нотирале дека основицата на платата која им се пресметува е застарена и ниска. Пресметката се води според просечната плата од пред неколку години, која сега е зголемена за 100 евра па тоа би значело дека Пратениците би требало да земаат и повисоки плати.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе