Вести Култура

Актерот Мето Јовановски добитник на наградата за животно дело „Златен чадор“ на фестивал во Измир

Фотографија на ТВ Тера-Битола

На свеченото отворање на осмото издание на Балкан панорама филм фестивал во Измир, Турција на македонскиот актер Мето Јовановски, кој е почесен гостин на ова издание на фестивалот, му беше доделена наградата „Златен чадор“ за неговиот придонес во филмската уметност, информираше Кинотека на Северна Македонија. Наградата му ја додели заменик министерот за култура на Турција Ахмет Мисхба Демирџан.

Јовановски кој е и член на жирито за избор на најдобар филм во интернационалната програма истакна дека филмот како медиум, односно магичните подвижни слики, ги надминуваат сите граници, бариери и се достоен репрезент, духовна вредност на културните различности и духовен спој, мост во заедништвото, пријателство и љубов меѓу народите.

„Чест и привилегија е да се биде во создавањето на една филмска сторија покрај бројни филмски великани, кои умеат: животот, историското минато, бројните настани и случувања да ги преточат во мисловен, возвишен и магичен креативен филмски свет, во филмска сторија како општочовечка вредност. За жал, нештата не секогаш се такви какви што ги посакуваме. Денес сите ние сме исправени пред нови предизвици и сведоци на бројни настани и промени, со желба за едно подобро утро во кое централна тема ќе бидат универзалните вредности како патоказ и ориентир за сите нас“, рече Јовановски.

Во чест на македонскиот актер на фестивалот ќе се прикаже и филмот „Тетовирање“ во режија на Столе Попов.

Во ова издание ќе бидат прикажани повеќе од 150 филмови во повеќе од 250 проекции на шест локации во Измир, а селектираните филмови доаѓаат од деветте балкански земји. Унгарија е земјата во фокус на овогодинешното издание на фестивалот ка кој присуствуваат бројни филмски уметници од балканскиот регион.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе