Uncategorized

Украинска контраофанзива во Северниот дел од земјата – Путин се подготвува за долга војна

Воените судири во Украина не запираат. Интензитетот на борбите е најжесток на Истокот и Северот од земјата. Украинските сили тврдат дека ја вратиле контролата на повеќе населени места во северниот дел од земјата, околу вториот град по големина Харков, при што ги потиснале Руските трупи, кои сега се на 10 км од границата меѓу двете држави.

Украинските вооружени сили ни донесоа добри вести од регионот Харков. Тие постепно ги потиснуваат окупационите сили надвор од Харков. Благодарен сум на сите бранители кои продолжуваат со борбата и покажуваат надчовечка сила да ја протераат армијата на окупаторот, рече украинскиот претседател Зеленски.

Путин се подготвува за долга војна во Украина, предупредуваат американските разузнавачи, при што неговата примарна, но не и единствена цел останува преземање на контролата во регионот Донбас.

 

Неговите краторочки воени цели се да ги освои двата региони во Доњецк и Луганск со безбедни зони, да ги обиколи Украинските сили од север и југ до запад на Донбас за да ги уништи најспособните и најдобро опремени Украински сили кои се борат да ја зачуваат територијата на Исток, да ја консолидира контролата на мостот по земја кој Русија го има од Крим кон Донбас, да го окупира Херсон и да го контролира изворот на вода за Крим, кој е на север. Исто така гледаме индикации дека Руската војска сака да го прошири земјениот мост кон Транснистрија, изјави Аврил Хејнс, директор на националното разузнавање на САД.

 

Војната постепено преминува во конфликт на исцрпување на капацитетите на завојуваните сили, предупредуваат Американците, оценувајќи дека развојот на настаните е непредвидлив и со потенцијална траекторија на ескалација. Разузнавачите сметаат и дека во досегашните борби биле убиени меѓу 8 и 10 генерали во Руската армија, кои војуваат во Украина. Долниот дом на американскиот конгрес го усвои и новиот пакет финансиска помош во износ од 40 милијарди долари за Украина. Станува збор за пари кои ќе се користат за воена и економска помош за Украина но и сојузниците во регионот во чии земји се сместени голем дел од бегалците.

Во јужна Украина, русите се се поблиску до целосно да ја преземат контролата во градот Мариупол, каде челичарницата Азовстал, жестоко бомбардирана веќе подолг период е последниот бастион на Украинските трупи од батаљонот Азов.

Имаме многу жртви. Имаме големи загуби. Секој ден може да биде нашиот последен. Имаме екстремно ограничени ресурси, кои се повеќе се намалуваат. Засега резултатот на ова може да биде нашата неизбежна смрт или заробување од непријателот, што исто така значи смрт за нас, изјави Илија Самојленко, полковник во Украинската армија во батаљонот Азов.

Обединетите Нации проценуваат дека бројот на убиените цивили во руската инвазија на Украина е драстично повисок од официјалниот биланс од 3 381 убиени граѓани. Истовремено повеќе од 12 милиони Украинци ги напуштиле своите домови по почетокот на војната а речиси 6 милиони од нив побарале спас во некоја од соседните држави.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борисов: Потребна е редовна Влада во Бугарија

Дејан Дејан

Во Србија студентите не се откажуваат, блокирани се 33 државни факултети

Дејан Дејан

Топ Тема (6.12.2024) Три закони кои треба да ја реформираат јавната администрација – Итервју со Горан Минчев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе