Вести Македонија Најважни

Ковачевски и Мицкоски со километри далеку од гробот на Гоце Делчев

Премиерот во Коњско, гевгелиско, опозицискиот лидер во Карбинци, штипско. Ковачевски и Мицкоски денеска беа со километри далеку од гробот на Гоце Делчев.

Делегациите што ги испратија, одбија да дадат изјави. Молчалив беше и претседателот Стево Пендаровски, кој единствен од државниот врв,  положи свежо цвеќе на гробот на револуционерот. Подоцна на фејсбук кусо напиша дека Делчев „е стожерот врз кој се гради македонската државност и самобитност„.

За Ковачевски, нема подобро место за чествување на револуционерот од браната Коњско.

Лежерно беше и во Карбинци. Мицкоски не го ни спомна Делчев, човекот за кој два часа претходно на фејсбук напиша дека „беше пред времето и го даде животот за Македонија„.

Почит на револуционерот утрово му оддадоа  бројни делегации од институти и здруженија од Македонија и странство, кои се противат на преговорите за заедничко чествување на Гоце Делчев со Бугарија.

Чествувањето помина мирно и без инциденти, со бројно полициско обезбедување.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 189 комунални возила само 76 во исправна состојба – ревизорите со најниска оценка за работењето на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје

Tea Dimkovska

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе