На посебна тематска седница во Владата, премиерот Ковачевски поднесе извештај за сработеното во изминатите 100 дена, колку што е тој на чело на извршната власт.
Истото го побара од сите ресорни министерства. Потенцираше дека Владата е посебно ангажирана во заштитата на животниот стандард на граѓаните и во поддршка на компаниите, но како прв приоритет го спомена справувањето со енергетската криза, која дополнително доби загрижувачки димензии поради војната во Украина.
НАТО и ЕУ остануваат високо поставени во владината агенда.
