Вести Забава

Бруклин Бекам го зеде презимето на сопругата Пелц, венчавката чинеше речиси 4 милиони долари

Синот на фудбалеропт Дејвид Бекам, 23-годишниот Бруклин и неговата избраничка 27-годишната актерка Никола Пелц викендов се венчаа на Флорида, а на раскошната свадба, затворена за медиумите, присуствуваа бројни славни гости. На гостите им беше забрането фотографирање од настанот, а сликите од венчавката ги имаше британски Воуг, со кој младиот брачен пар потпишале договор.

Според податоците, оваа свадба ќе биде впишана како една од најсклапите во историјата за чија прослава се потрошени 4 милиони долари, искеширани од родителите на младите, со оглед на тоа што невестата е ќерка на милијардер.

Само за уредувањето на вилата со орхидеи се потрошени 70 илјади долари, а едно шише шампањ чинело 250 долари.

Венчаницата на младенката Пелц, требало да ја дизајнира мајката на Бруклин, славната Викторија Бекам, која веќе длабоко е впловена во дизајенрските води, но сепак невестата се одлучила помош да побара од екипата на дизајнерот Валентино. Венчаницата, е едноставна, но со многу специјални детали, долги чипкасти ракавици, ио долг вел порабен со рачно везена чипка.

Заедно со едноставното одело на Бруклин, чинеле 400 иладин долари. Остатокот од милионската сума е потрошена на послугата, декорациите, храната и кадилакот со кој младенците се довезени со луксузната вила која има 27 соби со поглед на море. Церемонијата се одржа на луксузниот имотот на милијардерите Пелц вреден над 100 милиони долари.

Бруклин ги испочитувал сите еврејски обичаи за време на церомонијата, носел и традициопнална капа која се носи за време на свеченостите кај Евреите, а откако ги венчал рабинот тој според традицијата ја скришил и чашата завиткана во крпа. Но, потоа следел шок. Наместо, Никола да стане снаа на Бекамови, Бруклин го земал нејзиното преезиме – Пелц. Им објаснил на присутните дека тоа е уште еден начин да ја изрази својата приврзаност кон сопругата.

Младенците не примаа подароци од присутните. Се што добија донираа во хуманитарната организација Care, за поддршка на цивилите погодени од  војната во Украина.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе