Вести Македонија Најважни

20 години затвор за прилепскиот џудо тренер – во неговиот клуб сексуално ги вознемирувал малолетните девојчиња кои ги тренирал

На 20 годишна  казна затвор е осуден прилепскиот џудо тренер Рубин Пеески, обвинет за обљуба на 4 малолетни девојчињa кои ги тренеирал во неговиот џудо клуб. Исто така, му е изречена  и забрана за врешење на дејност,  затоа што, покрај обљубата на товар му се става и злоупотреба на службената положба како џудо тренер. Портпаролот на  Основниот  суд во Прилеп, Жарко Велески,  за Телма ја потврди пресудата од 20 години затвор за 46 годишниот тренер од Прилеп.

Според обвинението Пеески, од февруари до декември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба ивршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – четири ученички кои му биле доверени за тренирање и воспитување.

Случајот кој ја шокираше јавноста беше откриен во јануари годинава, кога еден од родителите го пријави  тренерот во полиција, а потоа истргата ги откри и другите жртви.

Емилија Мисирлиевски

https://youtu.be/5MNbS2Mm8KM

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пленковиќ и Пенава во името на ХДЗ и Татковинското движење потпишаа коалициски договор

Дејан Дејан

Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија

Дејан Дејан

Ал-Хути: Ќе го гаѓаме секој брод што ќе се упати кон израелските пристаништа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе