Uncategorized

8 загинати и 18 повредени во српскиот рудник „Соко“ во близина на Сокобања

Осум рудари загинаа а 18 се повредени во несреќата која се случи рано утрово во рудникот Соко близу Сокобања.

Најмладиот настрадан е на само 31 година а најстариот 59.

Повредените пак се извлечени и се префрлени во болницата Алексинац. Директорот на болницата, Горан Видиќ изјави дека тројца се со тешки телесни повреди, а останатите со полесни повреди.

Во моментот на несреќата работеле 49 рудари. Во клиничкиот центар во Ниш се згрижени двајца рудари и двајцата со повреди на градниот кош.

Директорот на болницата д-р Зоран Перишиќ вели дека клиничкиот центар има капацитет и дека сите служби се подготвени за прием на повредени во рударската несреќа.

„Несреќата се случила нешто после четири часот утрото во делот на лежиштето на рудникот. работниците биле трета смена ангажирани со редовната работа за експлоатација на јаглен“ – изјави Зоран Перишиќ, директор на клиничкиот центар во Ниш.

Според вицепремиерката на српската Влада и министерка за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ сите работници се задушиле со метан. Михајловиќ истакна дека на телата на работниците немало траги од експлозија.

Директорот, Драго Миленковиќ, вели дека  рудникот узгубил осум вредни работници, но дека мерките на безбедност кои биле преземани се на највисоко ниво.

Сепак овој пат се случило изненадно истекување на метан па не можеле ништо да сторат.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Телма интервју со Срѓан Драгојевиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе