Осум рудари загинаа а 18 се повредени во несреќата која се случи рано утрово во рудникот Соко близу Сокобања.
Најмладиот настрадан е на само 31 година а најстариот 59.
Повредените пак се извлечени и се префрлени во болницата Алексинац. Директорот на болницата, Горан Видиќ изјави дека тројца се со тешки телесни повреди, а останатите со полесни повреди.
Во моментот на несреќата работеле 49 рудари. Во клиничкиот центар во Ниш се згрижени двајца рудари и двајцата со повреди на градниот кош.
Директорот на болницата д-р Зоран Перишиќ вели дека клиничкиот центар има капацитет и дека сите служби се подготвени за прием на повредени во рударската несреќа.
„Несреќата се случила нешто после четири часот утрото во делот на лежиштето на рудникот. работниците биле трета смена ангажирани со редовната работа за експлоатација на јаглен“ – изјави Зоран Перишиќ, директор на клиничкиот центар во Ниш.
Според вицепремиерката на српската Влада и министерка за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ сите работници се задушиле со метан. Михајловиќ истакна дека на телата на работниците немало траги од експлозија.
Директорот, Драго Миленковиќ, вели дека рудникот узгубил осум вредни работници, но дека мерките на безбедност кои биле преземани се на највисоко ниво.
Сепак овој пат се случило изненадно истекување на метан па не можеле ништо да сторат.
Билјана Николовска