Uncategorized

Бајден до Дуда: Вашата слобода е и наша

Вашата слобода е и наша, му порача американскиот претседател Бајден на својот полски колега Андќеј Дуда за време на денешната посета во Варшава, што беше и негов последен ден во Европа, откако претходно беше специјален гостин на НАТО самитот на ЕУ и Г7 самитот во Брисел. На сосотанокот, Бајден призна дека врз Полска падна најголемиот дел од хуманитарната криза, каде повеќе од 2 милиони луѓе кои избегаа од Украина, влегоа во оваа земја. Бајден порача дека другите сојузници на НАТО мора да направат повеќе. САД ветија дека ќе прифатат до 100.000 бегалци. По состанокот со Дуда, тој во придружба на полскиот премиер ги посети украинските бегалци кои се сместени во Варшава.

Американскиот претсеадтел вети дека САД и НАТО сојузниците се тука на помош во случај Русија да се одлучи да ги нападне. Бајден изјави дека членот 5 на НАТО е „свет“, мислејќи на клаузулата за заемна одбрана на алијансата, која бара од сите членки да помогнат на кој било друг член на Алијансата доколку е нападнат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борисов: Потребна е редовна Влада во Бугарија

Дејан Дејан

Во Србија студентите не се откажуваат, блокирани се 33 државни факултети

Дејан Дејан

Топ Тема (6.12.2024) Три закони кои треба да ја реформираат јавната администрација – Итервју со Горан Минчев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе