Вести Најважни

АХВ на сред криза си купува нова зграда за 8,4 милиони евра – ќе ја гради компанијата Бауер БГ

Додека земјава ја живее најголемата економска криза, а владата носи мерки за штедење за буџетарите – Агенцијата за храна и ветеринартво  си „купува“ нова зграда. Ќе чини речиси 8,4 милиони евра, а ќе  ја гради компанијата Бауер БГ. Директорот на Агенцијата Никола Бабовски, потпис на договорот  ставил на 10 март, само пет денови пред владата да ги донесе одлуките со кои  им нареди на буџетарите да штедат. Новата зграда ќе биде лоцирана на празна парцела позади зградите на Џевахир во населбата Аеродром. Според договорот парцелата има 2.655 квадрати, а Бауер БГ во рок од две години треба да ја изгради административната зграда на Агенцијата со лабораториски простории. Треба да има приземје и четири спрата.

Од АХВ одговорија дека изградбата на административна зграда  е капитален проект за кој  навремено ги добиле  сите потребни согласности од Владата за почеток на постапката. А постапката била почната уште 2018 година. Парите  9,1 милион евра колку што била проценката дека ќе чини зградата, ги добиле уште во 2020 година.

  • АХВ: Постапката за изградба на нова административна зграда на АХВ не е нова. Истата е почната на 16.10.2018 година по добиената согласност од Министерството за одбрана за пренамена на земјиштето и одлуката на Владата од 2019 година со кое тоа како сопственост на државата се даде на трајно користење без надомест на АХВ. По добиеното одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски на 11.06.2021 година почната е постапка за  избор на најповолен понудувач з аизградба. Истиот е објавен на 21. декември 2021 година, по што  запазувајќи ги законските постапки и рокови извршен е избор на најповолен понудувач кој ќе ја гради административната зграда на АХВ за 8,3 милиони евра.

 Од Агенцијата велат дека вака трајно се решава посторниот проблем за сместување на вработените и за намалување на трошоците кои сега се даваат за закупнина. Велат АХВ била меѓу ретките државни институции во земјава кои не располагаат со сопствена административна зграда

Од Владата не одговорија на прашањата на Телма- зошто се дозволува ваква набавка во време на криза  и во услови кога на институциите им е наложено да штедат? Дали не станува збор за превисока сума ако се има предвид дека власта кога беше опозиција ги критикуваше милионските тендери за барокните згради за кои се уште има судски постапки? Нема одговор ниту дали ќе се стопира набавката и дали ќе има санкции за директорот?

Инаку Владата ги донесе мерките за штедење на 15 март. Ги задолжи министрите и директорите да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10 проценти. Им забрани да набавуваат мебел и возила без согласност од владата. Да трошат за 50 проценти помалку за репрезентација, спонзорства и реклами, како и помалку да ги користат службените возила.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе