Вести Најважни Свет

24 часовен притвор за Борисов, истрага засега нема

Никој не е над законот. Ваква порака упати бугарскиот премиер, Кирил Петков, кој беше прв на распит, по апсењето на екс-претседателот на бугарската влада,  Бојко Борисов. Ги повика бугарските обвинители да реагираат, откако случајот го отвори шефицата на Европското обвинителство, Лаура Ковеси. Таа во средата го посети Петков во Софија и му предаде документација за 120 случаи, за кои постои сомневање за корупција и несовесно работење со пари добиени од европските фондови. Само шест часа подоцна, следуваше апсењето на Борисов, како и на неколку негови соработници од партијата ГЕРБ.

На обвинетите им е доделен 24-часовен притвор, но обвинение, според адвокатот на Борисов, засега не може да се поднесе, бидејќи тоа е можно само по писмена потврда од обвинител.

Случаите се однесуваат на несовесно употреба и незаконско  располагање со буџетските средства, неправилности во прераспределбата на земјоделските субвенции и корупција со пакетот на помош што ЕУ им го додели на земјите членки во екот на пандемијата. Меѓу приведените е и поранешниот бугарски министер за финансии, Владислав Горанов и поранешната шефица на владината служба за информирање Севдалина Арнаудова. Поранешната претседателка на собраниската Комисија за буџет, Менда Стојанова е претходно сослушувана.

Поранешниот бугарски вицепремиер тврди дека се работи за одмаздољубивост на актуелната влада.

Претресот во домот на Борисов траел три часа. Уште синоќа, сите пратеници на ГЕРБ, поранешни министри и поддржувачи се собраа пред неговата куќа и се упатија кон судот.

Пред зградата на бугарската Влада утрово се одржа мирен протест.Симпатизерите на ГЕРБ, но и пратениците од пратеничката група на оваа партија, побарале предвремени избори во Бугарија и оставка на владата, но главното барање им е итно ослободување на Бојко Борисов од притвор.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе