win-win Вести Македонија

Бендевска во Вин-Вин: Во случајот со Амбла направено е повикување, поттикнување и инструкција за дискриминација

893 ученици со посебни образовни потреби се вклучени во редовниот воспитно образовен процес во МК, изјави во вечерашниот Вин-Вин ,претседателката на комисијата за спречување на дискриминацијата, Весна Бендевска.

Таа изјави дека Концепција за инклузивно образование е воведена во 2020-та. „Концепцијата е одлично замислена , но имплементацијата не дочека неподготвени, неспремни, меѓу другото имаме препорачано задолжителна обука на наставниците и стручниот персонал во училиштата кое е поврзано директно со образовниот процес на децата со посебни потреби“ – изјави Бендевска.

За случајот на девојчето од Гостивар, Бендевска изјави дека и училишниот инклузивен тим и инклузивнот тим на ученичката, сите потфрлиле на притисокот на 11 родителки, кои барале сегрегација на Амбла.

„Ние утврдивме дека тие направиле повикување, поттикнување и инструкција за дискриминација, што е забрането со Законот за заштита и спречување на дискриминација. Го задолживме директорот да ги повика, ги наведовме со имиња и презимиња, бидејќи очигледно е дека не се доволно сензибилизрани за потребата и начинот на кој е замислено инклузивното образование. Доколку не дојдат на тој сензибилизирачки состанок, ќе повикаме лично да одговараат, согласно одредбите на нашиот закон. “, додаде Бендевска.

Александра Цветановска од Здружението на млади правници, изјави дека дискриминацијата е тешко да се препознае, потоа основот дискриминаторски и кога се поднесува преставка до Комисијата или народниот правобранител, мора да се точно во која област е дискриминацијата и по кој основ.

„Комисијата не е прекршочен орган, што значи дека палката преминува кај судовите, во случај кога ќе биде утврдена дискриминацијата.“ –вели Цветановска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Вин Вин 02.05.2024

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе