Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, побара воената состојба во земјата да се продолжи за уште 30 дена, почнувајќи од 24 март.
Барањето Зеленски синоќа го испрати до Врховната Рада (парламентот), а тоа денеска е објавено на веб-страницата на претседателот на Украина.
Британските медиуми пренесуваат дека војната во Украина почна на 24 февруари, кога рускиот претседател Владимир Путин почна „специјална воена операција“, што трае веќе 20 дена.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
