Луѓето кои успеале да побегнат од Мариупол раскажуваат за Би-Би-Си за сцените на очај во градот каде што руските сили ги засилиле нападите.
Еден од нив е и свештеникот Павел Комашевски. Тој рече дека станбените области биле бомбардирани непрекинато дење и ноќе со авиони чии проектили паднале во градот.
Како што рече, со губење на струја, храна и вода, жителите почнале масовен грабеж на продавници и аптеки.
Комашевски рече дека заминал пред неколку дена во колона од околу стотина автомобили.
Плановите за евакуација преку хуманитарниот коридор беа напуштени поради руското гранатирање.
Тој рече дека конвојот бил вратен на руски контролен пункт, но локалните возачи понудиле поинаков пат низ областа контролирана од украинските сили.
