Заменик-гувернерот на Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, рече дека полуостровот сега е поврзан со копнен коридор со областите на сепаратистичката област Донбас во источна Украина, објави во понеделник руската новинска агенција РИА.
РИА го цитира Георги Мурадов, кој рече дека руските сили го окупирале патот од Крим до Мариупол. Украинската страна не ги потврди овие наводи.
Тоа би можело да помогне во испораката на хуманитарна помош за жителите на Донбас, изјави Мурадов, а пренесува РИА.
Во исто време, официјален Киев вели дека руските војници го блокирале конвојот со хуманитарна помош за опколеното пристаниште Мариупол, кое со денови крвари под руските напади. Сите обиди за евакуација на жителите досега пропаднаа, а конвојот со хуманитарна помош не можеше да стигне до градот.
