Вести Свет

Леталото кое падна во Загреб имало 120 килограми експлозив

Бомбата во беспилотното летало, што на 10 март се урна во Загреб, е со тежина од 120 килограми и експлодирала под земја, објави Ха Те Ве, цитирајќи висок извор од Министерството за одбрана.

Леталото од советско производство удрило во мека почва и затоа експлозијата се случила под земја, а ако паднало на асфалт или бетон би имало катастрофални последици. Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ потврди дека во кратерот се пронајдени траги од експлозив и делови од авиобомба, што укажува дека урнатото летало не било во извидничка мисија. Според дел од воените аналитичари не станува збор за авиобомба, туку за експлозија за самоуништување на опрема и податоци. Денеска специјални единици ги извлекуваа остатоците од леталото..

Пронајдена е црната кутија, која треба да открие повеќе детали. Пред да се урне на хрватска територија, дронот кој е од советско производство долетал преку Романија и Унгарија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе