Вести Свет

Украинскиот министер за одбрана: Русите убиле повеќе цивили отколку војници

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека по 16 дена инвазија, руските сили убиле повеќе цивили отколку војници. „Сакам ова да се слушне низ светот, не само во Киев“, рече Резников, цитиран од Би-Би-Си.

Тој ја даде изјавата откако Русија започна напади врз неколку градови, кои се наоѓаат на различни страни на Украина.

Да потсетиме, армијата на рускиот претседател Владимир Путин синоќа ги нападна украинските градови Днипро, Ивано-Франковск и Луцк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе