Вести Свет

Путин: Русија може да ги национализира средствата на странските компании кои се повлекуваат од земјата

Рускиот претседател Владимир Путин преку државната телевизија им се обрати на Русите порачувајќи им дека не постои проблем кој владата не може да го реши, откако во руската јавност се појавија информации за недостаток на одредени производи. Рускиот претседател тврди дека западните земји кои преземаат „непријателски чекори кон Русија и нејзината економија“ а во исто време на своите граѓани им порачуваат да го затегнат коланот и да облечат потопли алишта, не можат да ја обвинат Москва за порастот на цените.

Што се однесува до земјите кои преземаат непријателски чекори против нашата земја и економија, јас и вие многу добро знаеме – тие ги повикуваат своите граѓани да го стегнат ременот и да се облекуваат потопло. И ги посочуваат санкциите што ни ги воведуваат како причина за влошување на ситуацијата. Сето ова изгледа многу чудно, особено што ги исполнуваме сите наши обврски. Би сакал уште еднаш да нагласам дека ги исполнуваме сите наши обврски во однос на снабдувањето со енергија, рече Путин на состанокот со членовите на руската влада.

Путин тврди дека Русија продолжува да извезува нафта и гас, вклучително и преку Украина.

Ние ги почитуваме сите наши обврски во врска со снабдувањето со енергија, рече Путин за време на седница на руската Влада посветена на последиците од санкциите, емитувана на телевизија.

Тој додаде дека „дури и системот за пренос на гас во Украина е 100 отсто полн, согласно договорите“.

Дополнително, рускиот претседател најави дека владата може да донесе одлука за национализирање на средствата на странските компании кои се повлекуваат од Русија, поради инвазијата на Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе