Вести Свет

Русите тврдат дека поседуваат тајни украински документи: „Планираат напад, опишаа се“

Руското Министерство за одбрана соопшти дека дошло до украински документи за планот за напад на Донбас.

„Документите на Националната гарда на Украина кои ги потврдуваат подготовките на Киев за офанзивната операција во Донбас во март дојдоа во сопственост на руската армија“, изјави за новинарите портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Конашенков тврди дека овие документи „ја потврдуваат тајната подготовка на режимот на Киев за офанзивната операција во Донбас во март 2022 година“ за што Руското Министерство објави шест страници документи.

„Министерството за одбрана добро се сеќава на изјавите на раководството на режимот во Киев за наводно отсуство на какви било планови за вооружена окупација на Луганск и Доњецка народна република. Сепак, оригиналите на тајните воени документи на Националната гарда на Украина јасно докажуваат дека овие изјави се лажни“, рече Конашенков.

Тој вели дека во документот детално е опишан планот за подготовка на една од ударните групи за офанзивните акции во Донбас.

Путин ги призна сепаратистичките региони

Ројтерс наведува дека не може самостојно да ја потврди автентичноста на документите, напишани на украински јазик и кои изгледаат како да опишуваат подготовки за борба на тактичките воени единици.

Минатиот месец рускиот претседател Владимир Путин го призна т.н Народна Република Донецк и Народна Република Луганск, самопрогласени држави во источна Украина кои Русија ги поддржува.

Веднаш потоа, тој воведе воени трупи во двата региони, непосредно пред да ја нападне Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дванаесет години затвор за поранешен италијански директор поради уривање на мостот Моранди во Џенова кој однесе 43 човечки животи

Sasko Dimovski

Престој со студентска виза до четири години, странските новинарите до 240 дена – нов чекор во имиграциската политика на САД

Sasko Dimovski

Уапсен скопјанец кој се бараше со потерница за затворска казна од една и пол година

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе