Вести Свет

МААЕ предупредува: Ситуацијата во Чернобил се влошува

Поранешната украинска нуклеарна централа Чернобил станува се поизолирана од надворешниот свет откако беше окупирана од руските сили, предупредува МААЕ. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека околу 210 техничари и осигурителни работници постојано дежураат во електраната, бидејќи немало промена на смените под руска контрола.

Имаат храна и вода, но состојбата им се влошува. Покрај тоа, МААЕ повеќе нема контакт со системите за мониторинг кои го следат нуклеарниот материјал во електраната.

„Длабоко сум загрижен поради тешката и стресна ситуација со која се соочуваат работниците во нуклеарната централа во Чернобил и потенцијалните ризици за нуклеарната безбедност“, изјави генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси.

Во Чернобил, местото на големата нуклеарна несреќа во 1986 година што го потресе светот, сè уште се складира радиоактивен отпад.

ЦЕРН го суспендираше статусот на набљудувач на Русија

Европската организација за нуклеарни истражувања во Женева (ЦЕРН) одлучи да го суспендира статусот на набљудувач на Русија до понатамошно известување поради инвазијата на Украина.

„ЦЕРН нема да стапи во никаква нова соработка со Русија и руските институции до понатамошно известување“, соопшти организацијата. Советот на ЦЕРН, сепак, изрази поддршка за руските научници кои ја осудија руската војна во Украина.

ЦЕРН има 23 земји-членки, придружни членки, вклучително и Украина, и набљудувачи. Придружните членови плаќаат придонеси, можат да користат дел од инфраструктурата на ЦЕРН и се претставени во комисии, но немаат право на глас.

Меѓу набљудувачите се Русија, САД и Јапонија, кои научно соработуваат со ЦЕРН.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Португалија е првата членка на ЕУ во мрежата HealthAI за надзор на примената на вештачка интелигенција во здравството

Sasko Dimovski

Дванаесет години затвор за поранешен италијански директор поради уривање на мостот Моранди во Џенова кој однесе 43 човечки животи

Sasko Dimovski

Престој со студентска виза до четири години, странските новинарите до 240 дена – нов чекор во имиграциската политика на САД

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе