Вести Свет

Захарова: Русија преку разговори ќе ги постигне целите

Русија ќе ја постигне својата цел – неутрален статус на Украина и претпочита да го направи тоа преку разговори, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. На утринскиот брифинг со новинарите таа додаде дека целите на Москва не вклучуваат соборување на владата во Киев. Захарова посочи дека се надева на постигнување позначителен напредок во следната рунда разговори со Украина, додавајќи дека руската воена операција се одвива строго во согласност со нивниот план. Захарова тврди дека повеќе од 140.000 луѓе од Украина влегле во Русија.

  

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Португалија е првата членка на ЕУ во мрежата HealthAI за надзор на примената на вештачка интелигенција во здравството

Sasko Dimovski

Дванаесет години затвор за поранешен италијански директор поради уривање на мостот Моранди во Џенова кој однесе 43 човечки животи

Sasko Dimovski

Престој со студентска виза до четири години, странските новинарите до 240 дена – нов чекор во имиграциската политика на САД

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе