Вести Економија Свет Топ вести

Војна со санкции меѓу Сојузниците и Русија

Војната со санкции меѓу Западот и Русија добива на интензитет. Откако САД забранија увоз на руска нафта, јаглен и гас, Британија најави дека ќе ги поддржи но постепено, Русија возврати со контра мерка. Претседателот Владимир Путин денеска потпиша указ со кој се забранува извоз на одредени стоки и суровини за како што е наведено да обезбеди непречено функционирање на индустријата и безбедноста на Руската Федерација. Забраната ќе важи до крајот на оваа година а официјален Кремљ ќе го објави списокот на држави и стоки во наредните 48 часа.

Новите мерки, според очекувањата, ќе ги нарушат пазарите за гориво житарки и метали.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков соопшти дека САД и објавиле економска војна на Русија, по последниот сет санкции кои вчера ги потпиша американскиот претседател Бајден.

Ги гледате баханалиите, непријателските баханалии кои Западот ги посеа. Тоа ја отежнува ситуацијата и не принудува сериозно да размислуваме. САД дефинитивно и објавија економска војна на Русија и војуваат.  Ако ме прашувате што ќе направи Русија – Русија ќе го направи она што е неопходно за да ги брани своите интереси, изјави песков.

Европската Унија денеска соопшти дека ја проширува црната листа на руски олигарси и функционери чии сметки ќе бидат замрзнати и дека ја зајакнува контролата врз трансферите на криптовалути а на удар се најдоа и три банки во Белорусија кои ќе бидат исклучени од СВИФТ системот поради поддршка на Минск на воената агресија.

Унијата нема да го следи чекорот на САД и нема да го забрани увозот на нафта и гас од Русија пред се поради целосната зависност од овие руски енергенси. Во Унијата се бара предоно решение и се забрзува процесот на префрлање кон обвновливите извори на енергија за да се намали зависноста од Русија.

Санкциите предизвикаа жесток удар врз руската економија и банкарскиот систем. Мопсковската берза веќе девети ден е затворена а од денеска руските граѓани имаат ново ограничување, не може да подгинат поголема сума од 10 илјадо долари во кеш од банките, истата сума која е лимит за изнесување од државата.

Досега над 290 корпорации и глобални фирми и брендови кои вработуваат десетици илјади објавија дека запираат со работа во и со Русија а последни во низата се „Кока Кола“, „Пепси“ и „Хајнекен“

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Еден леб го фактурирале по 136 денари на студентски домови – Ацевски откри дел од извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе