Вести Свет

Поранешен грузиски министер дојде да се бори во Украина

Поранешниот грузиски министер за одбрана Иракли Окрјашвили се приклучи на Меѓународната легија на украинската армија.

„Иракли Окрјашвили во Украина со грузиски доброволци ни помага во борбата против руските окупатори“, соопшти Министерството за одбрана на Украина. Окрјашвили дошол во Украина со други грузиски доброволци, додаваат тие.

Иракли Окрјашвили беше на чело на грузиското Министерство за одбрана од 2004 до 2006 година. Пред тоа беше министер за внатрешни работи.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дванаесет години затвор за поранешен италијански директор поради уривање на мостот Моранди во Џенова кој однесе 43 човечки животи

Sasko Dimovski

Престој со студентска виза до четири години, странските новинарите до 240 дена – нов чекор во имиграциската политика на САД

Sasko Dimovski

Уапсен скопјанец кој се бараше со потерница за затворска казна од една и пол година

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе