Вести Економија Македонија Топ вести

Лебот и други основни продукти да се продаваат без маржа

Лебот и други основни продукти да се продаваат без маржа, ова е намерата на владата, објави Телма во Вестите во 12:30.

Утрово министрите за економија Крешники Бектеши и за финансии Фатмир Бесими имале состанок со преставници на групацијата на маркетите на оваа тема но за сега нема дефинитивен одговор каков е исходот од средбата..

Во меѓувреме Бектеши објави ФБ статус во кој наведува дека синџир маркети се согласил цената на лебот да не ја качува над 27 денари, односно таа да се движи меѓу 25 и 27 денари.

Економските министри се во владата за да се утврдат понатамошните мерки во однос на цените на основните производи.

Повеќе за ова во вестите во 15:30.

Листа на производи за кои трговците бараат ограничена маржа-основни продукти како леб и кравјо сирење, од овошје само јаболки

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе