Вести Свет

Блинкен ги отфрли новите руски барања во врска со иранскиот нуклеарен договор

Санкциите наметнати на Русија по инвазијата врз Украина „немаат никаква врска“ со иранското нуклеарно досие, а новите барања на Москва за да го поддржи договорот не доаѓаат предвид, изјави шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен.

Во услови на оптимизам дека ќе може да се обнови нуклеарниот договор од 2015 година, министер за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров побара гаранција дека новите санкции против Москва нема да важат за руската соработка со Техеран.

– Двете работи се сосема различни и не се поврзани на кој било начин, рече Блинкен во интервјуто за Си-Би-Ес.

– Во интерес на Русија е, и покрај се друго, Иран да не може да поседува нуклеарно оружје и да нема капацитет да произведува оружје за кратко време, рече државниот секретар.

– Овој интерес останува силен без оглед на нашите односи со Русија по нејзината инвазија на Украина, рече Блинкен.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сергеј Корецки е нов премиер на Украина

Kristina Kuzmanovski

Пропаднатиот пат кај Тефериќ се префрла во надлежност на Министерството за транспорт – општина Кисела Вода и Град Скопје немаат можности и капацитети да го санираат

Дејан Дејан

Украинците протестираат заради разрешувањето на министерот за одбрана

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе