Вести Најважни Свет

Украина лута на предлогот на Путин – хуманитарниот конвој да се движи кон Русија и Белорусија

На барање на францускиот претседател Маркон по телефонски разговор со Путин, Русија понуди прекин на огнот и локално примирје за да се формираат коридори за евакуација од Киев, Мариопул, Харков и Суми. Но, понудата е транспортот на цивилите да води кон Русија и Белорусија, што за Украина е целосно неморално, цинично и еднакво на самоубиство.

Ова е неприфатлива опција за создавање хуманитарни коридори (само во Русија и Белорусија). Нашите луѓе од Иванкив, Димер, Вишхород, Киев нема да одат во Белорусија за подоцна да летаат во Русија, изјави ИРИНА ВЕРЕШУК, ЗАМЕНК ПРЕМИЕР НА УКРАИНА

Oд Елисејската палата демантираат дека имало договорен ваков вид на коридор. Се вели дека Макрон барал почитување на хуманитарното право и заштита на цивилите.

Иако Русија најави дека ќе ги отвори безбедносните патеки уште утринава, украинската страна тврди дека тие не функционираат, а 300.000 цивили од Мариупол чекаат евакуација. Но оваа рута може и да не профункционира затоа што истата била минирана. Според Москва, токму на оваа патека синоќа се судриле руско-украинските сили. Загинале цивили затоа што според Русија, биле искористени како жив штит.

Милитантите возеле повеќе од 150 цивили пред себе како жив штит, криејќи се зад нив. Откако ги открија борците на Народната милиција, украинските националисти отворија оган врз нив од зад цивилите. Како резултат на истрелите на украинските нацисти, загинаа четворица цивили, а петмина беа ранети, изјави ИГОР КОНАШЕНКОВ, ПОРТПАРОЛ НА РУСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

Русија продолжува со инвазијата. Во план и е да го опколи и градот Днипро во центарот на Украина, а утринава во пет часот и жителите на градот Микоилов не беа поштедени од руските касетни бомби.

Речиси сите бомби паднаа врз станбените цивилни згради, врз куќите на луѓето. Многу бомби паднаа неексплодирани, речиси 40 бомби паднаа неексплодирани, тоа се кластер бомби, касетни, како ги викаат, тоа се големи болби кои се делат на помали кога ќе експлодираат и убиваат цивили и луѓе. Не се работи за борба со воени трупи, туку повеќе со цивили, соопшти ОЛЕКСАНДР СЕНКЕВИЧ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА МИКоИЛОВ

 

Руските сили се прегрупираат и се подготвуваат за целосен напад врз Киев, јавија украинските воени сили. Снимките од дрон прикажуваат дека руските сили се поставени во селото Перемоха, на 80 километри од централен Киев, и од таму ја лансираат тешката артилерија.

Празно остана столчето на руската страна на денешното сослушувањето во Високиот суд во Хаг, каде Украина бара итна наредба за прекин на конфликтот. Русија одбива да присуствува и сослушувањето помина без нејзината делегација.

Фактот дека руските столчиња се празни зборува гласно. Тие не се тука во оваа судница, тие се на бојното поле водат агресивна војна против мојата држава. Вака Русија ги решава проблемите. Но, Украина има друга позиција и го почитува меѓународното право, рече АНТОН КОРИНЕВИЧ, ПРЕТСТАВНИК НА УКРАИНА во хаг

Но, затоа преговарачкиот тим од Москва веќе пристигна во Брест во Белорусија, за третата рунда преговори со Украина, која вели дека нема да прави компромиси за својот територијален интегритет во преговорите со Русија, но е подготвена да преговара за модел според кој нема да биде членка на НАТО во иднина.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе