Вести Свет Топ вести

САД: Околу 95 отсто од собраната руска војска од границата влегла во Украина

Русија истрела вкупно 600 проектили од почетокот на инвазијата на Украина, изјави висок американски функционер. Околу 95 отсто од руската армија собрана на границата веќе влегла во Украина.

Американците тврдат дека ги следеле борбите во Херсон и Миколаев, додека руските сили се уште се обидуваат да ги опколат Киев, Харков, Чернихив и Мариупол. Тие, исто така, тврдат дека Русија наиде на силен украински отпор кој во голема мера ја забави руската инвазија.

Нема нови информации за огромниот руски конвој во близина на Киев

Во меѓувреме, огромен руски конвој северно од Киев, кој се протега на околу 60 километри, останува во мирување, но нема нови информации колку е оддалечен од главниот град на Украина. Кон крајот на минатата недела тој беше на околу 25 километри од центарот на Киев.

„Веруваме дека украинскиот народ во повеќето делови на земјата сè уште има средства за комуникација, пристап до Интернет и до медиумите“, додаде неименуван американски функционер. Тој додаде дека САД веруваат дека амфибискиот напад врз Одеса се уште не е неизбежен.

Тој не можеше да ги потврди извештаите дека Русите пукале врз демонстрантите во Киев или го прекршиле договорот за прекин на огнот за да се дозволат хуманитарни коридори. Тој, исто така, не можеше да ги потврди информациите дека Русите бараат воени резерви.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украинците протестираат заради разрешувањето на министерот за одбрана

Kristina Kuzmanovski

Николоски: За набавка на нови автобуси аплицираа четири фирми

Tea Dimkovska

Министерот Сулејмани излезот од проблемот со пресметките на платите во културата го гледа во Законот за култура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе