Вести Економија Македонија Топ вести

Цените на енергенсите на светските берзи вртоглаво растат

Три дена пред нападот на Украина, во екот на дипломатските борби на меѓународната заедница со Русија, германскиот канцелар Олаф Шолц донесе одлука да се замрзне стратешки клучниот гасовод „Северен поток 2“. Неколку часа подоцна екс премиерот и претседател на Русија, Дмитри Медведев, преку „Твитер“, им посака на европејците добредојде во новиот свет каде ќе плаќаат две илјади евра за илјада нормални метри кубни гас.

Десет дена подоцна најавата на Медведев стана реалност.

Цената на гасот вртоглаво расте од ден во ден, а од почетокот на инвазијата во Украина заклучно со денес е зголемена за 56 отсто.

Ако на  првиот ден од војната илјада метри кубен гас чинеа 978 евра денес таа цена е 1,738 евра и веќе се чувствуваат првите последици во државите од ЕУ но и во регионот.

Македонија, барем до крајот на месецот нема да има никаков проблем со набавката на гас бидејќи се снабдува преку гасоводот од Турција, а и двете банки прекои кои оди купупродажбата „Сбербанк“ и „Газпромбанк“ не се исклучени од свифт системот. Можни компликации не се исклучуваат но тие би биле од политичка природа и одлуки.

Паралелно со цената на гасот расте и цената на струјата на европските и светските берзи.  Денеска еден мегават час струја чинеше 338 евра а веќе за утре е најавено зголемување од 18 отсто и цена од дури 394 евра за мегават час.  Државите кои се зависни од увоз на струја, како што е и Македонија, одвојуваат милионски суми дневно за да ги задоволат домашните потреби за електрична енергија.

За разлика од гасот и струјата, цената на нафтата која е унифицирана на сите берзи во светот бележи минимален раст од два до четири отсдто дневно и денеска еден барел, што е еднакво на 156 литри, чини 114 долари.

Според експертите не се очекува рапиден скок на цената на нафата, а со тоа и на горивата за граѓаните, бидејќи четириесетина држави од светот одлучија да пласираат огромна количина барели од стоковите резерви и со тоа да го стабилизираат пазарот.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе