Од РКЕ велат дека нафтени деривати има, а трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката. Но, како што пренесува МИА, Регулаторната наведува дека дел од малите трговци не се однесуваат фер и ја ограничуваат понудата, со што оставаат впечаток дека нема гориво.
„На тој начин си прават „залиха“, која би ја продавале по нови цени што на некој начин во услови на криза е воено профитерство“, посочуваат од РКЕ.
Од регулаторната комисија за енергија објаснуваат и дека денеска добиле укажувања од поголем број потрошувачи дека одредени трговци на мало со нафтени деривати ја ограничувале количината, односно сумата до која точеле и продавале гориво. РКЕ најавува и преземање на законски мерки за трговците кои не се однесувале согласно законот.
