Пристанишниот град Мариупол на брегот на Црното Море и понатаму е под постојан напад.
Градоначалникот на градот упати очајно видео обраќање, велејќи: „Не можеме ни да ги извадиме ранетите од улиците, од становите, бидејќи гранатирањето не престанува“.
Руското Министерство за одбрана ги повика цивилите да го напуштат градот преку таканаречениот „зелен коридор“.
Денеска, портпаролот на проруските бунтовници изјави дека тие ќе извршат „целни напади“ врз градот, доколку украинските сили таму не се предадат.
