Uncategorized

Пазарните инспектори сè уште не утврдиле дали граѓаните ги испразниле маркетите или трговците криеле производи викендов

Пазарните инспектори сè уште не утврдиле дали граѓаните ги испразниле маркетите или трговците криеле роба викендот. Откако во голем број маркети и продавници, рафтовите со некои од основните производи беа целосно празни, вчера, министерот за економија Бектеши кажа дека целосно било утврдено дека некои трговци ги повлекле производите во позадина и дури и се закани со строги казни. Од Државниот пазарен инспекторат велат дека таков прекршок на правилата не се гледа од само една контрола на терен.

Граѓаните се надеваат дека замрзнувањето на маржите може барем делумно да го ограничи профитирањето на дел од трговците во време на Ковид-криза и комплицирана воено-политичка состојба во светски рамки. Вчера, со почетокот на месецот започна да важи и новата мерка на Владата, да се ограничи разликата помеѓу набавната и продажната цена на трговските стоки и тоа на пет отсто за трговците на големо, а десет отсто во трговијата на мало, за најнеопходните прехранбени производи.

Потврда дека дел од храната поскапува стигна од Пазарниот инспекторат. Станува збор за лебот. Во секој град во државата, најосновното ќе се плаќа поскапо.

Од Државниот пазарен инспекторат не одговараат конкретно дали ќе побараат затегната казнена политика и поостри казни за прекршителите на правилата. Велат дека постојано се во разговори со Министерството за економија и се споделуваат информациите од терен. Но, директорката на ДПИ, Симеска – Димоска, не исклучува иницирање на некои законски измени во иднина, а посебно во Законот за трговија.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борисов: Потребна е редовна Влада во Бугарија

Дејан Дејан

Во Србија студентите не се откажуваат, блокирани се 33 државни факултети

Дејан Дејан

Топ Тема (6.12.2024) Три закони кои треба да ја реформираат јавната администрација – Итервју со Горан Минчев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе