Вести Свет

Петков: Драгомир Заков е новиот предлог за министер за одбрана на Бугарија

Премиерот на Бугарија Кирил Петков при влегувањето во Народното собрание соопшти дека Драгомир Заков е новиот предлог за министер за одбрана. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Драгомир Заков е професионален дипломат од кариера и од 2019 година е постојан претставник на Бугарија во седиштето на НАТО во Брисел.

Народното собрание во моментов е на 30-минутна пауза по барање на владејачката партија „Продолжуваме со промената“.

Вчера бугарскиот премиер Кирил Петков побара оставка од министерот за одбрана Стефан Јанев поради објава на Фејсбук и ја објави кандидатурата на познатиот експерт Тодор Тагарев, кој во 2013 година веќе беше министер за одбрана во преодната влада на Марин Рајков. Петков ја координирал промената со другите коалициски партнери, а го информирал и бугарскиот претседател Румен Радев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе